Каматната стапка на благајничките записи на Народната банка на Република Македонија (НБРМ) се намалува за еден процентен поен од 6 на 5 отсто годишно, соопшти НБРМ. Намалувањето, како што се наведува се должи на поволните трендови на девизниот пазар, за кои придонесуваат намалениот увоз, опоравувањето на извозот, стабилизирањето на глобалната побарувачка постабилните очекувања на економските субјекти. НБРМ наведува дека ризиците поврзани со случувањата во Грција и нивните директни и индиректни ефекти врз домашната економија и натаму се присутни. Девизните резерви на Народната банка на четврти јуни годинава се зголемиле на 1,69 милијарди евра.
Каматната стапка на благајничките записи на Народната банка на Република Македонија (НБРМ) се намалува за еден процентен поен од 6 на 5 отсто годишно, соопшти НБРМ.
Намалувањето, како што се наведува се должи на поволните трендови на девизниот пазар, за кои придонесуваат намалениот увоз, опоравувањето на извозот, стабилизирањето на глобалната побарувачка постабилните очекувања на економските субјекти.
НБРМ наведува дека ризиците поврзани со случувањата во Грција и нивните директни и индиректни ефекти врз домашната економија и натаму се присутни.
Девизните резерви на Народната банка на четврти јуни годинава се зголемиле на 1,69 милијарди евра.